Динамо Загреб стигна до првите бодови во Лигата на Шампионите откако ремизираше со 2-2 против Монако на „Максимир“. „Модрите“ имаа предност од 2-0 во првото полувреме, но на крајот хрватскиот и францускиот тим ги поделија бодовите.
По натпреварот во хрватските медиуми се говори за подобрата игра на актуелниот шампион, но и за преносот на телевизијата „Арена Спорт“ од страна на српскиот коментатор. И покрај тоа што натпреварот се играше под тешки услови и обилен дожд истиот не разочара кога станува збор за фудбалските потези, пред се голот на Батурина за 2-0, но ладнокрвноста на Србинот предизвика лавина на реакции на „Јутјуб“.
На видеото од најдобрите моменти од натпреварот може да се прочитаат погрдни коментари прозивајќи ја професионалноста на српскиот коментатор.
„Секоја чест за смиреноста на коментаторот на смиреноста при головите на Динамо, тоа се вика професионализам“, „Овој како да коментира уметничко лизгање“, „Зошто сте вработиле робот да коментира натпревар. Повеќе живот има во мојот тепих“, се само дел од коментарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА