Србин менува Србин во Милан

Милан престојното лето го очекуваат драстично промени во составот. Еден од оние за кои повеќе нема место на „Сан Сиро“ е Лука Јокиќ, српскиот напаѓач кој голема е веројатноста дека ќе биде заменет со соиграч од репрезентацијата.

Станува збор за Душан Влаховиќ, напаѓачот кој пак заминува од Јувентус со оглед на тоа што одбива нов договор со „старата дама“, а сегашниот е со важност до крајот на следната сезона.

Фактот дека Србинот е достапен за сума од 40 милиони евра го прави Влаховиќ интересна опција, ако се знае дека „росонерите“ ќе имаат лимитиран буџет поради неиграњето во фудбалска Европа во следната сезона. Милан во своите редови го има Хименез, кој пристигна од Феенорд во текот на зимата, но се очекува заедно со Јовиќ да си замине и Абрахам, кој ќе се врати назад во Премиер-лигата.

Се вчитува...