Манчестер Јунајтед е подготвен за нова промена на голманската позиција од каде заминува Андре Онана по разочарувачките настапи во текот на сезоната.
Како и самиот Камерунец, и неговиот наследник се очекува да пристигне од Италија, но овој пат од редовите на Торино. Станува збор за српскиот репрезентативец Вања Милинковиќ-Савиќ.
Дваесетиосумгодишниот чувар на мрежата игра нова одлична сезона во Серија А во која веќе 10 пати ја сочува мрежата недопрена па го примами погледот на Манчестер Јунајтед кој цели да го врати назад на „Олд Трафорд“.
Како потсетување, Манчестер е добро познато место за српскиот голман кој беше дел од Јунајтед во 2014 година кога направи спектакуларен трансфер од редовите на Војводина, но не доби шанса во првиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

