Манчестер Сити веќе некое време размислува да го смени долгогодишниот член Едерсон. Бразилецот во моментов поради повреда е во втор план, а Ортега го чува голот на „граѓаните“.
Најнова „мета“ на англискиот првак е српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ кој е моментално член на Торино.
Манчестер Сити го сакаше Микеле Де Грегорио од Јувентус, но тој одбива трансфер во Премиерлигата. Затоа сега една од желбите на Пеп Гвардиола е актуелниот чувар на мрежата на Торино.
Милинковиќ-Савиќ има договор со Торино до 2026 година, со можност за продолжување на уште една. Неговата моментална вредност е околу 8 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА