Србинка е луда по Роналдо: Не ми е грижа што има сопруга, сакам да бидам во кревет со него!

Билјана Драгаќ од Нови Сад, е голем обожавател на Кристијано Роналдо. Билјана се сретна со Роналдо пред две години, а минатата недела, за време на натпреварот Србија – Португалија, доби можност повторно да го види својот идол и „сакан“.

Билјана кажа дека со Роналдо се запознале пред неколку години, а таа како фан досега го има гледано на неколку натпревари.

“Го чекав на аеродромот. Кога го видов во автобусот, комунициравме со рацете. Сакав да се качам и му го покажав тоа, но тој ми рече дека е невозможно да влезам и да дојдам до него. Бев во Будимпешта кога тој играше, а потоа во Торино. Го сакам долго време. Дури и ја водев неговата фан страница. Прво се сретнавме во Будимпешта. Тогаш не се сликавме, го видов како поминува покрај мене. Пред две години кога го чекав на аеродром тој ми мавна за да дојдам кај него, а сега тој повторно ме препозна“, рече Билјана.

Иако безбедностие мерки се’ уште по сторги поради пандемијата од коронавирус, Билјана успеа да дојде до Кристијано па тој момент го овековечи со фотографија. Таа вели дека е вљубена во Роналдо и дека не и пречи што тој е во брак со Георгина.

“Јас сум за вљубена во него. Веројатно и тој го сфати тоа. Би сакала да имам афера со него. Кристијано изгледа како вистински маж, тој е полн со позитивна енергија. Ми се допаѓа начинот на кој тој оди, начинот на кој тој се приближува. Роналдо е мој тип на маж и ми се допаѓа секое негово движење. Особено ми се допаѓа што остава срце на теренот. Немав ништо со него, но многу пати го имам видено. Му дадов слика, писмо, но тоа е тајна што му ја напишав. Го следам на Инстаграм, иако тој не ме следи. Бев во контакт со еден боксер кој е пријател со Роналдо. Имав некаква комуникација со Кристијано, но сега тоа не е важно. Можеби ќе одам во Шпанија или Италија. Сега е малку потешко поради панедмијата, но би сакала да разговарам со Португалецот многу повеќе. Не можам да го заборавам моментот кога го гушнав, верувајте тоа беше нешто што не може да се опише. Многу е убаво тоа што ми се случи. Се тресев од возбуда. Сакав да се сретнам него, па јас изнајмив соба во истиот хотел во кој тој беше сместен. Тоа е голем трошок, но вредеше да бидам близу до Роналдо“, додаде девојката од Нови Сад.

 

 

Се вчитува...