Српската атлетичарка Ангелина Топиќ освои сребрен медал на Светското првенство во сала во полскиот град Торун. Во финалето, таа скокна висина од 1,99 метри во првиот обид, додека три пати ја урна летвата на висина од 2,01.
Никола Олислагерс од Австралија и Јулија Левченко од Украина имаа идентични резултати, а сите три го поделија сребрениот медал.
Неспорна беше Јарослава Махучик, Украинката која прелета 2,01 метри во првиот обид и со тоа освои ново светско злато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

