Женската одбојкарска репрезентација на Србија ја одбрани титулата од пред четири години, откако на Светското првенство на кое домаќини беа Холандија и Полска во финалето славеше над репрезентацијата на Бразил со максимални 3-0, по сетови 26-24, 25-22 и 25-17.
Србинките на доминантен начин стигнаа до титулата без ниту еден загубен меч, а најблиску до елиминација беа во четвртфиналето кога по пет сета се извлекоа против Полска. За Србија ова е втора титула светски шампион, додека Бразилките во четвртото финале повторно останаа без единствениот трофеј кој им недостига во историјата.
Најдобар поединец со 24 поени кај Србинките беше Тијана Бошковиќ која како и пред четири години повторно го понесе признанието за најкорисен играч на турнирот.
Претходно во мечот за бронзениот медал, Италија со максимални 3-0 (25-20, 25-15 и 27-25) славеше над актуелниот олимписки шампион, Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА