Раководството на АП Брера Струмица за нов шеф на стручниот штаб на клубот го именуваше Србинот Бојан Круљ откако пред недела време спогодбено се раздели со италијанскиот стратег Џовани Валенти.
Како што информираат струмичани, „Круљ има 36 години и е млад и перспективен тренер. Има искуство во работата со млади категории во белградски Вождовац и Синѓелиќ, а како асистент тренер во сениорски тимови има работени во српските прволигаши Инџија и Вождовац“.
Бојан Круљ како шеф на стручниот штаб ја предводеше екипата на ИМТ од Белград со која оствари одлични резултати и влезе во бараж за пласман во Суперлигата на Србија каде денес настапува овој клуб, додека во Босна го предводеше тимот на Рудар од Приједор со кој на почетокот на оваа сезона направи одлична серија од 6 победи и две нарешени натпревари и го стави клубот на првото место во Првата лига на Република Српска.
![]()
Круљ е еден од најперспективните млади тренери од Србија кој и покрај поканите од други клубови, сепак се одлучи за Брера Стрмица како еден од најбрзо растечките фудбалски проекти во регионот.
„Моите први впечатоци се одлични. Она што беше привлечно за мене беше мултинационалниот проект „Брера“ што Горан ми го презентираше и тоа ме привлече да дојдам во мак-фудбалот и да оствариме добри резултати. Во разговар со претседателот на клубот Горан Пандев, целта ни е да се обезбеди подобар пласман на табелата. Екипата има потенцијал но она што е важно дека мора да играме натпреварувачки и да остваруваме и добри резултати. Имаме план за нови засилувања кои се потребни за следната сезона“ – рече во првата своја изјава Бојан Круљ.

Претседателот на клубот Горан Пандев му посака добредојде на новиот стратег и му го покажа спортскиот центар „Пандев“ каде Брера ги игра натпреварите од Првата лига. Го прошета по клупските простории и ја презентираше неговата визија за овој спортски центар.
„Му посакав добредојде на новиот тренер кој екипата ќе ја предводи за вториот дел од сезоната. Се надевам дека ќе го поправиме впечатокот за разлика од оваа есенска етапа и ќе бидеме подобро позиционирани на прволигашката табела. Бојан е млад и перспективен, жеден за нови докажувања и верувам е дека ќе успееме во зацртаното за вториот дел од годинашнава сезона“ – истакнува Пандев.
Прв соработник на Круљ ќе биде Душан Дошљак тренер кој соработуваше со негов во претходните два ангажамани во ИМТ и Рудар. После паузата веднаш по новогодишните празници Круљ ќе ја има првата прозивка со што ке почнат подготовките за вториот дел од сезоната кои ќе се реализираат во Струмица и Анталија, Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

