За српскиот интернационалец во дресот на Јувентус Филип Костиќ, се чини нема место во тимот од Торино. По доаѓањето на Тиаго Мота, нема да се смета на левокрилниот играч, па така тој ќе ја смени средината.
Според последните информации, ќе остане во Италија, во Серија „А“, но ќе го носи дресот на Фиорентина. „Виолетовите“ веќе се во преговори со Јувентус за трансфер.
Договорот на Србинот во Фиорентина треба да биде позајмица до крајот на сезоната, со можен откуп по завршувањето на шампионатот.
Костиќ во минатото го носеше дресот на Ајнтрахт Франкфурт, од каде дојде во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА