Никола Јокиќ и тренерот на Денвер, Мајк Мелун добија исклучување на дуелот против ЛА Лејкерс по жестокиот приговор кон судијата Родни Мот кој претходно не досуди очигледен прекршок над српскиот центар во рекетот на Лејкерси.
Бесниот Мелоун влезе на терен, впуштајќи се во вербален конфликт со судијата… Веднаш доби исклучување, а потоа исклучен беше и Јокиќ кој во меѓувреме се впушти во „расправата“.
„Јас заслужив да бидам исклучен, но не и Никола. Овие ситуации се нешто со кое добро треба да се позанимаваат во НБА. Судиите не смеат да бидат смешни“ – рече Мелоун по мечот.
Нагетси загубија од ЛА Лејкерс со 127-109, во меч во кој блескаше Лонзо Бол со вториот „трипл-дабл“ во кариерата – 11 поени, 16 скока и 11 асистенции. Го следеше Џулијус Рендл со 24 поени.
Најефикасен кај Денвер беше Гери Херис со 20 поени, а 17 поени постигна Вилсон Чендлер. До моментот на исклучување во втората четвртина, Никола Јокиќ постигна 6 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА