Турскиот гигант Фенербахче подготвува вистинска трансфер „бомба“ во летниот преоден рок. Според „Сабах“, клубот е подготвен да плати 40 милиони евра за голгетерот на Јувентус, Душан Влаховиќ.
За оваа цел, турската екипа е подготвена да го продаде Јусуф Ен-Несири за 30 милиони евра за клуб од Саудиска Арабија. Прашање е дали Јувентус би се согласил на ваква сума, со оглед дека за него издвои околу 85 милиони евра, и планирано е за него да бара од 60 до 70 милиони евра.
Тековниот договор на Влаховиќ е со важност до јуни 2026 година, но сигурно заминува во јуни. Исто така проблематична е платата на играчот, која изнесува 12 милиони евра. Фенербахче е подготвен да му понуди околу 8 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

