Србинот си заминува од Јувентус и се сели во Франција

Деновите на српскиот интернационалец во Јувентус, Филип Костиќ се одбројани. Се чини дека на крајот на сезоната ќе си замине од клубот, и ќе се пресели во Франција, во редовите на Олимпик Марсеј.

Масимилијано Алегри се помалку му дава шанси на Србинот, а тоа беше доволна причина неколку клубови да испратат понуда. Најконкретен бил тимот на Марсеј, и посред информациите, двете страни се веќе пред договор.

Во својата кариера Костиќ играше за Гронинген, Штутгарт, Ајнтрахт Франкфурт од каде се пресели во гигантот од Торино. Сега тимот на Марсеј веројатно ќе биде негова следна дестинација, откако Олимпик сериозно „загризал“ да го ангажира, а и на Јувентус ќе му одговара да го продаде, со оглед дека подготвува „чистка“ на крајот на сезоната.

Се вчитува...