Екипата на Гостивар е меѓу најактивните на кошаркарскиот пазар летово, откако по неколкуте домашни засилувања новиот прволигаш го доведе и првиот странски играч за следната сезона. Станува збор за 30-годишниот Александар Тодоровиќ, кој доаѓа во Гостивар откако лани го носеше дресот на Борац од Чачак, а претходно настапувал и за српскиот прволигаш Слога, како и за бугарскиот тим Берое.
„Добиваме квалитетен кошаркар кој одлично се снаоѓа и како центар, но и на позиција четири, што ни дава повеќе опции во текот на играта. Претходно акцентот го ставивме на помлади играчи, а Тодоровиќ заедно со Тасовски со своето искуство сигурно ќе ни биде од голема помош“ – изјави тренерот на Гостивар, Александар Тодоровиќ.
Гостиварци стартуваат со подготовки веќе в среда, а во следниот период управата на клубот ќе се обиде да ангажира најмалку уште едно засилување, пред се за борбата под обрачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА