Тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски истакна дека на неговите кошаркари им недостасуваше концентрација во завршницата за да извлечат позитивен резултат од средбата и да го нанесат првиот пораз на Работнички за оваа сезона во домашното првенство.
„Тешко е да се стигне Работнички кога на полувреме води со 15 поени разлика. Ние успеавме да ги стигнеме, но затоа се потрошивме двојно повеќе. Натпреварот го загубивме во последните три минути на првиот дел. Ефремовски постигна четири тројки без никаков притисок на него, сметам дека токму во тие моменти го загубивме мечот. Секоја чест за моите кошаркари што успеаја да го стигнат противникот, и да поведат во одреден момент, но тоа ги потроши и физички и психички. Една искусна екипа како Работнички секако дека ќе го искористи тоа, додека нас ни недостасуваше концентрација да го одиграме мечот максимално до последна секунда“, изјави Србиновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА