Србиновски: Знаев дека нема да ни биде лесно против Фени

Стратегот на Гостивар, Марјан Србиновски, им го честиташе на своите избраници пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија, по триумфот над Фени индустри.

„Очекував вака неизвесен натпревар. По оној натпревар против Блокотехна во средата знаев дека нема да имаме свежина, а и со мал фонд на играчи и мала ротација на центарската позиција. Се обидовме да изиграме најдобро што можеме. Секојпат кога качувавме по 14-15 разлика тие се враќаа, а во тие моменти губевме концентрација. Желбата за победа беше евидентна, издржавме и во средата и денес. Утре во полуфиналето кое е за некои 17 часа ќе се обидеме да дадеме максимум.што можеме во тој момент“ – истакна Србиновски.

Горан Самарџиев мора да биде задоволен од борбеноста и ангажманот на младиот кавадаречки состав, кој и со ограничен ростер до последната минута не се предаде против фаворитот.

„Сакам да им ја честитам победата на Гостивар, сосема заслужено, но и ние имавме свои шанси. Се виде неискуството на нашите играчи. Во секој случај јас сум задоволен од мојот тим. Ќе продолжиме и понатаму да се бориме во плејаутот. Ќе форсираме домашни играчи, и денес игравме само со еден странец што воопшто не е оправдување. Ќе кажам уште еднаш – задоволен сум, но не чека напорна работа за пеколна идна сезона“ – порача шефот на стручниот штаб на Фени индустри.

Се вчитува...