Србите доминантни и со Чешка за четврт триумф во низа

Српската кошаркарска репрезентација останува со перфектен учинок во групната фаза од Евробаскетот откако ја совлада и Чешка со убедливи 82-60 за четврт триумф едно по друго.

Србите како и на претходните натпревари ја потврдија фаворитската улога со одлична игра од самиот старт на средбата. По 10. минути игра резултатот изнесуваше 27-5 по што следеше поблаг ритам од страна на српските кошаркари кои ги штедеа силите за последниот преизвик во групната фаза, селекцијата на Турција која и самата не знае за пораз.

Овој пат Србија ја предводеше Аврамовиќ со 14 поени и 8 скокови, додека Бохачик постигна 12 поени за Чешка.

Претходно Литванија ја совлада Финска со 78-81 и обезбеди место во следната фаза.

Се вчитува...