Србите го испратија легендарниот Милс во репрезентативна пензија

Натпреварот против Србија во четвртфиналето на Летените олимписки игри во Париз ќе биде последен во националниот дрес на Австралија за легендарниот Пети Милс.

Легендата на австралиската кошарка се збогува со националниот дрес како лидер на својот тим против Србите со вкупно 26 постигнати поени, а и токму тој беше оној кој го одведе натпреварот во продолжение реализирајќи обид над Никола Јокиќ.

Милс дебитираше во дресот на Австралија во 2007 година, а низ годините одигра 64 официјални средби и настапи на 13 големи турнири од кои пет Олимписки игри и три Светски првенства.

Се вчитува...