Швајцарија претрпе убедлив пораз од 6-1 од Португалија за крајот на светскиот шампионат, дебакл што дел од српските новинари во Катар го искористија за да се обидат да добијат барем малку одмазда за поразот и елиминацијата на нивната селекција токму од Швајцарците.
На удар се најде Џердан Шаќири, фудбалерот што беше стрелец пред четири години во Русија, но и на последниот решавачки меч во Катар.
„Зошто ги провоцираше српските навивачи на мечот со Србија?“, гласеше прашањето на српскиот новинар.
„Пријателе, ви дадов гол и славев, само ја вршев мојата работа како фудбалер. Ви дадов два гола, го знаеш тоа“, со насмевка коментираше екс-фудбалерот на Ливерпул, кој со години е меѓу лидерите на швајцарскиот национален тим.
Српскиот новинар не се откажуваше: Твоја работа не беше да провоцираш, зошто се смееше, по што следеше и сосема логичен одговор на Швајцарецот.
„А што требаше, да плачам откако дадов гол“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА