Србите го сменија селекторот – отказ за Брегар по фијаското на ЕП 2024

Србија го именуваше Раул Гонзалес за нов селектор на машката ракометна репрезентација, а северниот сосед почнува потрага и по кормилар на женската национална селекција, откако беше донесена одлука за прекин на соработката со Урош Брегар.

Словенецот пристигна пред три години на чело на репрезентацијата најавувајќи сериозен проект, но резултатите целосно изостанаа, па по фијаското на ЕП 2024 (три меча, три порази) Брегар доби отказ од фунцкијата. Србија под негово водство учествуваше на последните три големи натпреварувања, но на двата европски шампионати имаше шест порази на шест меча, додека на ланскиот мундијал пет порази и само еден триумф (над тоталниот аутсајдер Чиле).

Конечниот пласман на 21. место на овој шампионат дефинитивно е незадоволителен за српската спортска јавност, а во федерацијата одлучија дека Брегар веќе добил доволно шанса и трпение, па денеска и официјално е прекината соработката со овој стручњак.

Се вчитува...