Србите и Словенците прават шоу во Минхен – Заедно навиваат, а Србите порачуваат Лука Дончиќ е наш (ВИДЕО)

Репрезентациите на Србија и Словенија денеска од 15 часот ќе се сретнат во 2.коло од групата Ц на Европското првенство.

Дуелот меѓу двете репрезентации почна уште утрово, но на еден пријателски и коректен начин што е реткост кога се во прашање селекции од Балканот.

Поддржувачите на двете репрезентации утрово заедно навиваа низ улиците на Минхен, и на градот му дадоа една поубава нота.

Интересна ситуација е тоа што дел од навивачите на Србија пееја „Лука Дончиќ“ е наш, но тоа на добар начин беше прифатено од страна на словенечките навивачи.

 

 

Се вчитува...