Србите изненадија: Жена ја доби наградата за најдобар тренер во 2025

Историја е испишана во српскиот фудбал откако во изборот за најдобар тренер за 2025 година големото признание заврши во рацете на женски стратег.

Актуелната селекторка на женската репрезентација на Србија, Лидија Стојкановиќ ќе остане запишана во историјата како прва жена што добила вакво признание. Стојкановиќ оствари историски успех со влезот во А-дивизијата, поради што покрај ова признание доби и нов долгогодишен селекторски договор.

Таа го освои првото место пред Марко Николиќ, кој стигна до есенската титула во Грција со АЕК, а ланската сезона го освои Купот на Русија со ЦСКА Москва.

Наградата за најдобар српски фудбалер во 2025 година завршува во рацете на Никола Миленковиќ, одличниот дефанзивец кој игра во топ-форма во Премиер-лигата носејќи го дресот на Нотингем Форест.

Се вчитува...