Србите ја „потопија“ Австралија за чекор поблиску до четвртфиналето

Ватерполистите на Србија славеа убедлива победа од 14-8 против Австралија во 3. коло од Групата Б на Летните олимписки игри во Токио.

Србите по поразот од Шпанија (12-13) на премиерата и убедливиот триумф над Казахстан (19-5), сега дојдоа до лесна победа за чекор поблиску до четвртфиналето. Победата на денешниот дуел си ја обезбедија уште по првата четвртина која ја добија со 6-0. Се понатаму беше само рутина.

Австралијците кои во претходното коло ја изненадија Хрватска победувајќи со 11-8, сега целосно потфрлија.

Во веќе одиграните денешни натпревари во Групата Б, Шпанија славеше против Казахстана со 16-4 за трета победа и прво место во групата, а Хрватска ја победи Црна Гора со 13-8.

Се вчитува...