Репрезентацијата на Србија со еден бод во групата, се наоѓа пред елиминација. Србите загубија од Бразил 2-0, и одиграа со Камерун 3-3, и покрај тоа што водеа со 1-3.
Можеби Србите не може да се истакнат со добра одбрана, но затоа нивниот голман Вања Милинковиќ Савиќ е најдобар голман во првите 2 кола од Светското првенство.
Голманот на Торино со 12 одбрани е чувар на мрежата со најголем број на одбранети удари. Зад него е Андиес Ноперт од Холандија со 10, додека по девет имаат Јан Зомер и Војчех Шчесни. За потсетување дека Шчесни и натаму нема примено гол.
И покрај петте примени гола, Србите може да се пофалат со најдобар голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА