Србите не се предаваат: Митровиќ погоди за 1-1

Србија нема намера да се предаде во битката со Швајцарија, па избраниците на Стојковиќ стигнаа до израмнување од 1-1 само неколку минути откако Шаќири ги доведе противниците во водство.

Александар Митровиќ беше стрелец на израмнувачкиот погодок, откако „деветката“ на Србија одлично истрча во шеснасетникот, па по центаршутот на Тадиќ со прецизен удар со глава го матираше голманот Кобел.

Мајсторијата на српскиот голгетер можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...