Србите не се тепале со Англичани, туку со Албанци?!

Масовната тепачка низ улиците на Гелзенкирхен е главна вест во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Србија и Англија, а медиумите на нашиот северен сосед информираат за најново сценарио.

Имено, се тврди дека воопшто не станувало збор за тепачка меѓу навивачите чии селекции ќе се пресметаат вечерва во Гелзенкирхен, туку дека српските и англиските навивачи заедно се тепале против албански фанови кои го почнале целиот инцидент.

Српските медиуми се повикуваат на твитер-профилот „Hooligans.cz“, кој во описот на видеото тврди дека Албанци го почнале инцидентот во кафулето каде до тој момент заедно седеле Србите и Англичаните.

Засега се е сведено на шпекулации, а се очекува во следните часови со официјално соопштение да се јави и полицијата, да информира за немилата случка и за бројот на уапсени…

Се вчитува...