Кошаркарското дерби и дуелот помеѓу САД и Србија на ОИ во Париз, ги оправда очекувањата, со тоа што фаворитот за златото издвојува убедлив триумф од 110-84 над еден од кандидатите за висок пласман.
По одличниот старт на Србија, и водството од 10-2, САД веднаш се вратија, а особено незапирлив беше Кевин Дурент кој блескаше во првиот дел без промашен шут, со што ја однесе својата селекција на одмор со предност од девет разлика.
Во вториот дел САД само додадоа уште повеќе во „петта“ брзина и покажаа дека се далеку поквалитетни во моментов од Јокиќ и другарите, за на крајот да дојдат до првата победа во групата на ОИ.
Дурент го заврши мечот со 23 поени, кај Србија, пак, Јокиќ постигна 20, но недоволно за сензација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА