Србите немоќни против Австралија пред олимпискиот турнир

Кошаркарите на Србија загубија од Австралија со 84-73 на пријателскиот натпревар на Етихад Арената.

Австралијците одиграа квалитетен натпревар во чии редови Пети Милс заврши со 28 поени, а ДантеЕгзум имаше 15 поени, седум скока и четири асистенции.

Филип Петрушев со 17 поени беше најефикасен, пак, кај Србија, додека Никола Јокиќ заврши со 14 поени и 14 скока. По 12 поени запишаа Алекса Аврамовиќ и Никола Милутинов, а седум поени постигна Вања Маринковиќ.

Србија на натпреварот беше без Богдан Богдановиќ  Огњен Добриќ, додека Австралија играше во истиот состав како и против САД.

Се вчитува...