Фудбалерите на Србија немаат друг избор, освен победа над Швајцарија ако сакаат да го продолжат престојот на Мундијалот во Катар. Поради нерешениот исход со Камерун, и прокоцканото водство од 1-3, сега фудбалерите на нашиот северен сосед ќе мора да ја совлада Швајцарија во последното коло, а Камерун да не го освлада Бразил во вториот дуел.
И покрај лошиот настап со Камерун и пропуштената предност, од Србите доаѓаат отпимистички тонови.
Капитенот Душан Тадиќ рече дека притисокот беше голем и пред четири години во Русија.
„Беше голем притисок и пред четири години, така што мораме да се фокусираме само на фудбал и да покажеме дека играме подобро од нив. Кој е подобар нека победи. Во Лисабон исто така требаше да победиме, па победивме. Требаше да го совладаме Камерун со 4-2, 5-2, тоа сега не е важно. Требаше, но не успеавме. Сега ни треба победа. Се држиме заедно, атмосферата никогаш не била подобра, и мораме да веруваме“, рече Тадиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА