Хрвати го направиле главниот хаос на српското вечно дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда во Белград. Медиумите во Србија со зачуденост известуваат дека сплитскиот кикбоксер Анте Фириќ (26), кој е познат и како насилник во својот град, всушност ја иницирал жестоката тепачка за превласт меѓу навивачката група „Гробари“ на Јужната трибина. Најверојатно, дел од овие странски државјани, меѓу кои имало и Македонци, Бугари, Хрвати, Руси и Грци, биле ангажирани како помош за да се освои трибината.
Српскиот „Курир“ објави видео-снимка која наводно открива разговор меѓу полицијата и еден од хулиганите, во кој тој открива дека доаѓа од Сплит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА