Србите се премислија: Милан ќе гостува на празна „Маракана“

Црвена Звезда ќе го пречека Милан пред празни трибини на стадионот „Маракана“ на 18 февруари, прв меч од 1/16 финалето од Лигата на Европа. УЕФА пред десетина дена даде зелено светло на трибините да може да се појават навивачи (максимум 30% од вкупниот капацитет на стадионите), но само доколку државните власти дадат зелено светло согласно моментната ситуација со заразени од Covid-19 во Србија.

Навивачите на „црвено-белите“ ја поздравија оваа одлука најавувајќи спектакл, но денеска разочарувањето беше огромно откако Кризниот штаб на српската влада остана доследен на забраната за присуство навивачи на спортските настани.

Оваа точка минала без никаква дискусија, по што е јасно дека мечот Црвена Звезда – Милан ќе се игра пред празни трибини, исто како и сите останати спортски натпревари закажани за наредниот месец.

„Воопшто не се дискутираше за средбата на Црвена Звезда со Милан. Ризикот е преголем, можеби ќе дозволевме ако постоеше начин да се гарантира дистанцата меѓу навивачите, доколку сите носеа маски. Сепак, јасно е дека тоа е невозможно да се гарантира, а групирање на стадион е преризична работа бидејќи може да отвори нови кластери“, изјави Др. Предраг Кон, член на Кризниот штаб.

Се вчитува...