Српската фудбалска јавност и медиумите се жалат за малите казни кои ги доби Албанија од УЕФА за недозволените политички активности на нивните навивачи за време на натпреварот со Италија на ЕВРО 2024.
УЕФА ги санкционираше Албанците поради појавеното знаме на Голема Албанија, но и поради појавувањето на дел од навивачите со униформа на УЧК, што е забрането согласно правилата на европската куќа на фудбалот.
Но, според Србија, казните се само симболични, откако Албанците добија вкупна казна од 37.375 евра. За Србите е скандалозно тоа што далеку повисока казна доби Хрватска, која е казнета со дури 87.875 евра, и тоа за фрлање пластични шишиња на терен.
Од друга страна, Фудбалскиот сојуз на Косово најави тужба за Фудбалскиот сојуз на Србија пред УЕФА за „националистичките испади, слогани, шовинизам и расизам од страна на српските навивачи на мечот со Англија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА