Српската јавност е шокирана по последните информации кои пристигнуваат од Грција, дека Новак Ѓоковиќ донел одлука да го пресели АТП-турнирот што се одржуваше во Белград, од годинава да се игра во Атина.
Најдобриот светски тенисер мина многу време во Грција во последниот месец, имаше средба и со политичкиот врв на нашиот јужен сосед, но иако се шпекулираше дека тој планира да живее во Грција, вистината се чини е поразлична.
Турнирот од серијата АТП 250 зад кој стоеше Новак досега се играше во Белград, но нарушените односи на Ѓоковиќ со претседателот Александар Вучиќ се причината поради која тој сака годинава да не се одржува во Србија. Во преговорите се вклучени и челниците на Панатинаикос, бидејќи планот е турнирот да се игра во ОАКА Арената, а известени се и челниците на Евролигата, за да не се поклопат термините со евентуален домашен меч на „зелено-белите“, информираат грчките медиуми.
Истиот извор наведува дека претставници на АТП биле во инспекција на оваа спортска арена и дале зелено светло за одржување на тениски турнир, што би бил прво вакво натпреварување во Атина по Олимписките Игри во 1994 година.
АТП турнирот во Белград досега се има одржано два пати, првиот во 2021 година кога шампион беше Новак Ѓоковиќ и вториот во 2024 кога со титулата се закити Денис Шаповалов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

