Србите шпекулираат зошто Влаховиќ не игра – Асот на Јуве спиел со сопруга на соиграч

Иако беа големи очекувањата фудбалската репрезентација на Србија катастрофално го почна Мундијалот во Катар, откако во првите два меча забележа пораз од Бразил и неочекувано реми со Камерун.

И покрај сите проблеми и очајната игра Србите повторно сами одлучуваат за својата судбина и со триумф над Швајцарија во последното коло тие ќе бидат дел од нокаут фазата на Мундијалот.

На првите два натпревари Душан Влаховиќ имаше мала минутажа против Бразил, а против Камерун не ни влезе во игра. Селекторот Драган Стојковиќ Пикси вели дека Влаховиќ е повреден, но тоа не е вистинската причина.

Откако претходно медиумите од нашиот северен сосед пренесоа дека има конфликт меѓу селекторот и првата ѕвезда, сега излегуваат нови детали околу целата сапуница.

Имено пред шампионатот Влаховиќ имал романтична врска со сопругата на голманот на репрезентацијата Предраг Рајковиќ. Нешто што ја дополнува оваа информација е фактот дека Рајковиќ беше стандарден на голот на репрезентацијата во текот на квалификациите и Лигата на нации, а на шампионатот него на голот го замени Вања Милинковиќ Савиќ. Србите шпекулираат дека токму поради целата ситуација Пикси се одлучил додека не се реши проблемот и двајцата играчи да бидат надвор од тимот.

Србија одлучувачкиот меч против Швајцарија го игра в петок со почеток од 20 часот.

Се вчитува...