Србите со гол од „пола терен“ го земаа скалпот на Грција во ватерполо (видео)

Изненадувањата на ватерполо турнирот продолжија, откако беа елиминирани и двете селекции кои завршија како првопласирани по групната фаза. Неколку часа откако Шпанија беше шокирана од Хрватска, елиминирани беа и ватерполистите на Грција кои загубија со минимални 12-11.

Србија ги надмина проблемите од групната фаза и одигра одличен меч во кој во голем дел имаше минимална предност. Се влезе во неизвесна завршница во која Мандиќ постигна прекрасен погодок и ја доведе Србија водство од 11-10. Кога Грците погодија на десетина секунди до крајот преку Влахопулос се чинеше дека ќе мора да се играат продолженија. Сепак, српскиот капитен Јакшиќ имаше поинакви планови, па со неверојатен гол од речиси половина терен ги шокираше Грците носејќи ги актуелните олимписки шампиони во полуфиналето.

Следен противник на Србија ќе биде победникот од дуелот меѓу САД и Австралија.

Се вчитува...