Кошаркарската репрезентација на Србија потврди дека се наоѓа во топ-форма пред стартот на Евробаскет откако вечерва славеше и над актуелниот светски првак Германија, и тоа среде Минхен со резултат 81-91.
Селекторот Пешиќ мора да биде задоволен од прикажаното во огромни делови од натпреварот, Србија влезе во последната четвртина со предност од 15 поени, но Германците не се откажаа и дојдоа на само „минус два“. Сепак, Гудуриќ реализираше важни поени, се надоврзаа Јовиќ и Аврамовиќ со тројки, по што предноста експресно се врати на „плус десет“, разлика што беше задржана до самиот крај.
Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Никола Јокиќ немаше свој ден и го заврши мечот со скромни пет поени и осум скокови. Најефикасен беше Никола Јовиќ со 20 поени и 7 скокови, Богдановиќ имаше 11 поени, исто колку и Гудуриќ и Тристан Вукчевиќ.
Србија генералната проба пред почетокот на Евробаскет 2025 ќе ја има на домашен терен во Белград против Словенија, меч закажан за 21 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

