Кошаркарската репрезентација на Србија успешно го стартуваше Евробаскет 2017, откако ја совлада Летонија со 92-82. Но, избраниите на селекторот Александар Ѓорѓевиќ со многу мака стигнаа до првиот триумф, со оглед дека во последната четвртина имаа и негатива (73-75). Успеаја да направат серија (12-2) кога беше најпотребно и на крајот стигнаа до заслужен триумф.
Летонците на полувреме имаа минимално водство (45-47), но Србија се совзеде и успеа да одигра според очекувањата во третиот период. Најефикасен кошаркар во победничката селекција беше Богдан Богдановиќ со 30 поени, а Милан Мачван уфрли 14. Бертанс со 23 поени беше најрасположен кај Летонците.
Хрватска славеше против Унгарија со 67-58, а Белгија ја совлада Велика Британија со 103-90.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА