Драган Стојковиќ Пикси останува на чело на српската репрезентација и во јунските квалификации, без оглед на честите гласини дека овој стручњак ќе добие отказ од кормилото на националниот тим.
Така, последните шпекулации пристигнаа од Русија, каде Дејан Станковиќ е тренер на Спартак Москва. Според нив, Станковиќ во следните седмици требаше да си замине од рускиот клуб и да го преземе кормилото на репрезентацијат, но Фудбалската Федерација на Србија веднаш ги демантираше тие гласини.
„Не се точни информациите околу наводниот ангажман на Дејан Станковиќ во репрезентацијата на Србија. Дејан Станковиќ е големо фудбалско име, и како играч и денеска како тренер. Ние многу го почитуваме, ова е негов дом и тој секогаш е добредојден во Српската Фудбалска Федерација. Сепак, кога станува збор за ангажман во репрезентацијата, ние веќе имаме селектор – Драган Стојковиќ е човекот кој на 7 јуни ќе го поведе националниот тим во важниот и исклучително тежок квалификациски циклус за СП 2026“, се вели во соопштението на Фудбалската Федерација на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

