Србите во најсилен состав на ЕП во Полска: Со осум фудбалери од Топ 5 европските лиги!

Селекторот на младата репрезентација на Србија, Ненад Лалатовиќ го соопшти списокот на фудбалери за Европското првенство кое од 15. јуни се игра во Полска. Србија, како што е познато, е во групата заедно со Македонија, Шпанија и Португалија.

Србите во Полска патуваат со најсилниот состав, со 8 фудбалери од ТОП 5  европските лиги од Англија, Франција, Италија, Шпанија и Германија. На списокот го нема стоперот на турската Аланија, Дарко Лазиќ, кој пред неколку месеци имаше повреда на коленото, а повикан е Мирослав Богосавац од Чукарички, клубот каде Лалатовиќ е тренер.

„Самиот пласман на ЕП за нас е навистина убав успех. Групата во која се наоѓаме е најсилната, но одиме во Полска без страв. Не се плашиме од никого, а сакаме да дадеме 200% од нашите можности како навивачите и народот би биле горди на нас. Во Полска патуваме на 7. јуни каде ќе се подготвуваме за првиот и најважен меч против Португалија. Потоа ќе размислуваме за Македонија и за Шпанија“ – истакна селекторот на Србија, Ненад Лалатовиќ.

СПИСОКОТ НА СРБИЈА ЗА ЕП ВО ПОЛСКА:

Голмани: Борис Радуновиќ (Авелино), Вања Милинковиќ-Савиќ (Торино), Филип Манојловиќ (Црвена Звезда)

Одбрана: Милан Гајиќ (Бордо), Александар Филиповиќ (Вождовац), Мирослав Богосавац (Чукарички), Вукашин Јовановиќ (Бордо), Радован Панков (Урал), Милош Вељковиќ (Вердер), Никола Миленковиќ (Партизан), Немања Антонов (Грасхоперс)

Среден ред: Андрија Живковиќ (Бенфика), Немања Максимовиќ (Астана), Дејан Мелег (Војводина), Марко Грујиќ (Ливерпул), Срѓан Плавшиќ (Црвена звезда), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио), Саша Лукиќ (Торино), Мијат Гаџиновиќ (Ајнтрахт), Немања Радоњиќ (Чукарички)

Напад: Александар Чавриќ (Слован), Огњен Ожеговиќ (Чукарички) и Урош Ѓурѓевиќ (Партизан)

Се вчитува...