Позната е сумата која што фудбалскиот сојуз на Србија ја платил за фудбалерите да заминат на ЕВРО 2024. Голема прашина во јавноста кај нашиот северен сосед предизвика фактот дека Србите заминале со хрватски авион на Европското првенство.
Чартер летот со кој „Орлите“ заминаа од Белград кон Минхен чинел 48.500 евра во еден правец, пренесува „Телеграф“.
После елиминацијата уште во групната фаза, Србија се врати со домашниот авиопревозник „Ер Србија“ на 26. јуни.
Генералниот секретар Јован Шурбатовиќ најави дека ќе поднесе оставка после овој пропуст. Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ во интервју кажа дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ останал шокиран откако дознал дека играчите ќе патуваат со хрватски авион на Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА