Србите жестоко казнети за исвиркувањето на албанската химна

Српската Фудбалска Федерација продолжува да плаќа огромни суми како казни по речиси секој домашен натпревар што оваа репрезентација го игра во рамките од мундијалските квалификации.

Трендот продолжи и по последниот дуел во Лесковац против Албанија, откако ФИФА и официјално објави дека повторно го санкциониала нашиот северен сосед поради однсувањето на навивачите на трибините.

„Фудбалскиот Сојуз на Србија ќе треба да плати казна во висина од 87.500 швајцарски франци поради непримерното однесување на навивачите при интонирањето на националните химни и дискриминирачкото однсување на дел од публиката за време на мечот со Албанија. Исто така, изречена е и мерка, затворање на најмалку 25% од капацитетот на трибините за наредниот домашен квалификациски меч, што ќе се игра во Лсковац против Летонија“, се вели во соопштението на ФСС по добиената одлука од ФИФА.

Се вчитува...