Македонскиот тенисер Горазд Србљак го предаде мечот од првото коло на ИТФ фјучрсот М15 Загреб против седмиот носител Никита Маштаков од Украина. Во моментот на прекин резултатот беше 1-1 во сетови и по пет одиграни гемови 4:1 во гемови за противникот.
Србљак го доби првиот сет со 6-4 во гемови, иако противникот почна со водство од 2-0, но македонскиот тенисер направи пресврт и поведе со 4-2 и предноста ја имаше и накрајот на првиот сет. Во вториот сет под 2-1 за Србљак, Маштаков дојде до предност од 4-2 и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет во четвртиот гем Маштаков направи брејк и поведе со 3-1 во гемови, а по завршувањето на следниот гем Србљак поради повреда го предаде мечот. Во моментот на прекин мечот траеше 2 часа и 45 минути.
Утре во второто коло Калин Ивановски на истиот турнир ќе игра против вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија.
Горазд Србљак
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

