Македонскиот тенисер Горазд Србљак успешно ги заврши квалификациите на ИТФ турнирот Куршумлијска Бања и со тоа избори пласман на главниот турнир. Тој денеска во финалето го совлада првиот носител во квалификациите Аристарх Софонов со 2-0 во сетови (75 75). Ова беше негова трета победа во низа.
Претходно во првите две рунди оствари победи на Астро Пилиповиќ од Србија (второ коло) и Валентино Гуардањо од Аргентина (прво коло).
На стартот од главниот турнир за ривал го доби првиот носител Стефан Поповиќ од Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

