Срдановиќ: Ова е прва европска победа за многу ракометари на Вардар

Ракометарите на Вардар одлично ја отворија новата сезона во Лигата на Европа откако вечерва на домашен терен со убедливи 33-26 славеа над исландски Валур.

Најефикасниот во тимот на Вардар, Марко Срдановиќ по мечот вели дека е среќен што победиле, но мора да работат уште многу.

„И честитам на екипата на Валур на добриот натпревар. Мило ми е што ние на крајот победивме. Знаевме дека се работи за екипа која физички и технички е многу подготвена. Се трудевме да ја успориме нивната транзиција и да направиме што помалку грешки. ИМаше и многу грешки на кои треба да работиме за следните мечеви и ова е за доста играчи прва европска победа и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам“, изјави Срдановиќ. 

Се вчитува...