Таеквондо клубот Феникс оствари голем успех кој ќе му помогне и на македонската таеквондо федерација на меѓународниот натпревар Албанија Опен Е2.
Македонскиот клуб настапи со двајца натпреварувачи, Лука Ангелов и Давид Цеков, а и се враќа дома со освоен медал.
Истиот му припадна на Ангелов кој се закити со сребрениот медал. Тој во првото коло беше слободен, во второто се сретна со клупскиот колега Давид, во третото коло забележа победа против противник од Романија, а беше поразен во борбата за злато.
Цеков пак славеше во првото коло против Ерменец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА