Сребрената од игрите во Токио, ќе ги пропушти ЛОИ во Париз

Освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, Маркета Вондрушова поради повреда на раката се повлече од ОИ во Париз.

Вондрушова стигна до женското финале во Токио пред три години како нерангирана тенисерка, а изгуби од деветтата носителка Белинда Бенчиќ од Швајцарија. Швајцарката, која роди ќерка во април, исто така нема да биде во Париз за да ја брани титулата.

„Многу ми е жал, но поради здравствени причини нема да учествувам на Олимписките игри во Париз. До последен момент се надевав барем на настап во парови, но проблемите со раката не ми дозволуваат да излезам на теренот“, изјави Вондрушова. 

Се вчитува...