Сребрениот медал пристигна во Скопје: Георгиевски не можеше да ги сокрие емоциите пред најблиските, навивачите, медиумите… (ФОТО)

Новиот македонски спортски херој, освојувачот на сребрениот медал од ЛОИ 2020, Дејан Георгиевски пристигна во Скопје заедно со комплетната македонска таеквондо-експедиција од Токио.

Георгиевски на скопскиот аеродром беше пречекан од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, од своето семејство, од членовите на неговиот таеквондо клуб од Бутел, но и бројни љубители на спортот од Македонија кои сакаа да го поздрават медалистот од Олимписките игри во Токио.

„Пресреќен сум што ја израдував Македонија. Благодарен сум на пречекот, на сите кои дојдовте тука. Имавме долг пат, но сега емоциите работат. Благодарам и на поддршката и честитките сите овие изминати денови уште пред олимпискиот турнир и по освојувањето на сребрениот медал. Уште сега може да ветам дека продолжувам со дополнителен мотив понатака во кариера, на следните Игри да стигнеме и до златното одликување“ – истакна Георгиевски по пристигнувањето во Скопје.

Македонскиот таеквондист вечерва од 19:30 часот ќе биде поздравен и на плоштадот во главниот град, каде ќе биде организиран официјалниот пречек за спортистот кој го реализираше најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт од независноста.

Се вчитува...