Сречко Катанец ги предупредува Србите: Треба да се плашите од Словенија

Поранешниот македонски селектор, Словенецот Сречко Катанец ги предупредува Србите пред нивниот натпревар со Словенија на ЕВРО 2024 кој се игра во четврток на „Алијанц арената“ во Минхен.

Катанец беше селектор на Словенија кога овие две селекции се сретнаа на континенталниот шампионат пред 24 години. Сега вели дека Србија, и тоа како треба да се плаши од репрезентацијата на Словенија.

„Србија има добар тим, но и Словенија има и тоа како добар тим. Србите треба да се плашат од Словенија повеќе отколку од Англија. Можеби Србија подобри индивидуалци и имиња, но затоа Словенија има тимски дух, нешто што недостасува во српската репрезентација“ – вели Катанец.

Во првото коло на ЕВРО 2024, Словенија ремизираше (1-1) со Данска, додека Србија загуби минимално од Англија.

Се вчитува...