Средба на Лапорта и таткото на Меси: „Лео сака да се врати во Барса“ (ВИДЕО)

Лионел Меси е многу блиску до враќање во Барселона откако Ла Лига денеска дала зелено светло за планираниот буџет на каталонскиот тим, со што се отвора вратата за Аргентинецот повторно во Шпанија.

Токму затоа и денеска таткото на Лео, Жорге Меси, оствари итна средба со Лапорта на која се разговарало за враќањето на Меси.

„Лео сака да се врати во Барселона, а и јас би сакал да го видам него назад во овој клуб. Можам да кажам дека сега веќе мислиме дека тоа може да се случи. Враќање во Барселона е опција. Наскоро ќе дознаете се“ – изјави Жорге Меси пред шпанските медиуми, пред влезот на средбата со Лапорта.

Како што е познато, Ла Лига веќе и дефинитивно дала зелено светло за планираниот буџет на Барселона. Сето тоа се очекува официјално да се обелодени во наредните часови по што Барселона ќе може да се врати и дефинитивно на трансфер-пазарот. Сето тоа значи и дека Барселона сега ќе може да достави формална понуда за ангажман на Лионел Меси. Извори од редовите на Барселона потврдуваат дека има позитивни сигнали од Ла Лига, но не сакаат да се радуваат предвреме се додека се не биде официјално.

Се вчитува...