И поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп се појави зад сцената на „Енфилд“ додека Ливерпул ја започнуваше вчерашната прослава на титулата во Премиерлигата, што му овозможи и време за средба со својот наследник Арне Слот.
Клоп се врати во Ливерпул првпат по една година овој викенд и беше силно вклучен во клубот во деновите откако се врати. По приемот на гала-вечерта на ЛФЦ Фондацијата, која е сопственик на Ливерпул, во петокот вечерта, Германецот саботата ја мина и на тренингот на тимот, а го следеше и вчерашниот последен натпревар во Премиерлигата и ремито (1-1) со Кристал Палас.
По доделувањето на трофејот на теренот, Клоп во подтрибинскиот простор на „Енфилд“ имаше средба и со Слот, а веднаш потоа и преку својот Инстаграм профил упати честитка до својот поранешен клуб со фотографии од прославата.
„Честитки шампиони!! Каков тим, каков клуб, каква сезона! Никогаш нема да чекориш осамен“, напиша Клоп.

На прес-конференцијата и Слот беше запрашан за нивната меѓусебна средба…
„Секако дека помина добро! Не мислам дека сме се сретнале претходно, но веќе разговаравме неколку пати и претходно досега, така да ништо ново“, рече Слот за Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

