Челниците на Ракометната Федерација на Македонија одржаа состанок со офицалните лица на ИХФ во пресрет на Светското првенство за ракометарки до 17 години што ќе се одржи во Скопје во периодот од 30 јули ео 10 август.
За време на СП ќе бидат присутни 96 номинирани лица од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), судии, делегати, супервизори и претставници од канцеларијата на Светска Ракометна Федерација (IHF), кои што ќе работат во рамки на Мундијалот во Скопје.
Ракометниот Мундијал за кадетки започнува на 30ти јули и ќе се одржува во три сали во Скопје, каде ќе учествуваат 32 национални репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА